Српски опозиционер тврди дека пред изборите се апселе луѓе кои „купувале гласови”

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во Србија на 17 декември се одржаа избори на кои Социјалистичката партија на Србија постигна еден од најлошите резултати во последните 15 години. На изборната ноќ Ивица Дачиќ спомна дека СПС можеби треба да добие нов лидер, потсетува српска Нова.

Точно два месеци по изборите, додека се чека формирање на влада и евентуално повторување на белградските избори, се појавуваат нови тврдења за пропаѓање на СПС.

Јанко Веселиновиќ од Движењето за пресврт изјави дека околу 200 лица кои наводно купувале гласови за СПС биле уапсени и ставени во притвор, вклучително и домашен притвор. Сето ова се случи неколку дена пред изборите на 17 декември.

„Тоа е јавна тајна меѓу луѓето од СПС и имаа неколку состаноци за тоа, бидејќи тоа апсење беше синхронизирано од полицијата и некаква параполиција на СНС, бидејќи во тимот секогаш имаше луѓе во цивилна облека кои практично им ги преземаа списоците и парите“, изјави Веселиновиќ.

Тој додаде дека не е поднесена кривична пријава и дека списоците се земени од редовите на СНС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот