Српската влада ќе им додели по десет илјади динари на децата постари од 16 години и на мајките на деца до 16 години

Србија млади/ Фото Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека сите деца родени по 21 ноември 2006 година ќе добијат еднократна парична помош од 10.000 динари (85,24 евра), за што од буџетот ќе бидат исплатени околу 100 милиони евра, со што се решава проблемот на децата кои имаа помалку од 16 години кога беа исплатени мерките за подршка на младите, а сега имаат повеќе од 16 години.

-Мојата порака е дека за сите деца кои се родени на 21.11.2006 година и подоцна оваа помош ќе им биде исплатена. Станува збор за околу 1.190.000 деца кои ќе ја добијат оваа помош вредна околу 12 милијарди динари, изјави Мали на РТС и уште еднаш повтори дека исплатата на оваа финансиска поддршка на ниту еден начин не ги загрозува јавните финансии.

Тој особено ја истакна важноста на споменатиот предлог-закон за помош на мајки на деца до 16 години и измените на Законот за финансиска поддршка на семејства со деца, што денес се очекува да биде усвоен во Собранието.

-До крајот на септември, доколку се донесе законот, на секоја мајка, згрижувач или старател ќе им исплатиме по 10.000 динари еднократна помош за деца до 16 години. Процедура за аплицирање ќе биде едноставна, електронски на порталот на Управата на Трезорот. Пријавувањата ќе траат од 20 август до 20 септември, по што брзо ќе започне исплатата, прецизира министерот Синиша Мали, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот