Српската полиција приведе македонски државјанин кој нелегално поседувал муниција

Српска полиција/ Фото: МИА

На граничниот премин Батовци со Хрватска српската полиција приведе 22-годишен македонски државјанин бидејќи поседувал 313 куршуми од различен калибар. Информацијата ја соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Македонецот е осомничен за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Нему му е одреден притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот