Српската опозиција во Собранието даде рок до среда за одговор на нивните изборни барања

Не е постигнат договор помеѓу претставниците на „Србија против насилството“ (СПН) и  власта по денешните разворови во Собранието – соопштија од СПН, јави дописникот на МИА од Белгтад.

Пред почетокот на колегиумот во Собранието, опозициските пратеници на Ана Брнабиќ и поднесоа барања за подобрување на изборните услови. Опозицијата бара пред да се одржат какви било избори да се формира комисија од претставници на власта, опозицијата и релевантни граѓански организации кои ќе имаат извршни овластувања за континуиран надзор на избирачкиот список и негова ревизија.

Барањата се и пред одржувањето на изборите, јавните сервиси да започнат со професионално и одговорно известување и локалните избори во сите општини и градови каде што треба да се одржат, да се одржат истовремено со изборите во Белград.

„Нема да се согласиме на нова изборна кражба“, изјави опозицискиот пратеник Радомир Лазовиќ од СПН на прес-конференција во српскиот Парламент, на која присуствуваа и претставници на коалицијата НАДА.

Тој потсети дека на властите им биле претставени условите за изборите да бидат фер – комисија за избирачки списоци, средени медиуми и одржување на сите локални избори (кои не се одржаа минатата година) во ист ден.

Претставникот на коалицијата НАДА, Милош Јовановиќ, рече дека опозицијата е единствена по својот став дека мора да се избори за нормален изборен процес.

„Има индиции дека власта ова ќе го претстави како ултиматум на опозицијата, но тоа се три минимални услови – основни барања“, нагласи Јовановиќ.

Денеска почна првиот состанок на Колегиумот на новото свикување на Собранието на Србија, а единствена точка на дневен ред се консултации за понатамошна работа на имплементација на препораките на ОДИХР за изборните услови.

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ изјави дека владејачката коалиција прифатила две од трите барања на опозицијата – да се формира независна комисија која би го контролирала и ревидирала избирачкиот список, а јавниот сервис да почне објективно да известува и да бидат подеднакво достапни за сите.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот