Средба Путин- Ким: Севернокорејска артилерија и ракети во замена за руски сателити и нуклеарни подморници ?

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Американската потпретседателка Камала Харис ја опиша потенцијалната посета на Ким Џонг Ун на Русија како голема грешка. Таа рече дека цврсто стои на фактот дека тоа дополнително ќе ги изолира Русија и Северна Кореја и посочи дека САД се апсолутно јасни и одлучни во однос на целосната денуклеаризација на Северна Кореја.

Ким во Русија / Фото STR / AFP / Profimedia

Според американските официјални претсавници , Путин може да бара да добие дополнителни пратки со севернокорејска артилерија и друга муниција за да ги надополни своите резерви и да изврши дополнителен притисок врз Западот да ги продолжи преговорите, бидејќи Москва е сериозно загрижена од продолжена војна во Украина.

руски тенкови EPA-EFE/

Од друга страна Северна Кореја е една од најизолираните држви во светот . И покрај затвореноста и пред се контролираниот проток на информации надвор од комунистчка Кореја, нејзиниот престедател Ким одвреме навреме правеше провокации тестирајќи различни балистички ракети, а неретко и провоцираше со наводите дека тоа го прави со нуклеарно оружје.

Фото: EPA/KCNA

Идентично како што е Северна Кореја и Руската Федерација е целосно изолирана од меѓународната заедница, што ги прави Москва и Пјонгјанг сојузници во обид заеднички да се справат со конфорнтациите и судирот со западот.

За време на неодамнешната посета на на Северна Кореја рускиот минситер за одбрана Сергеј Шојгу според тогашните твдрења на западните но и руските медиуми побарал испорака на некакво оружје од Северна Кореја , што пак се постави јавно прашањето каде е руското оружје и неговото производство?

Ким во Русија / Фото: STR / AFP / Profimedia

Денешната средба практично преставува обид за договор меѓу Путин и Ким Многумина аналитичари сметаат дека доколку се договори со Путин за испорака на артилерија и ракети, Ким за возврат бара да добие напредни технологии за сателити и нуклеарни подморници од Москва. Евентуалниот таков договор ќе ја зголеми загриженоста на западот

Од друга страна се повеќе се споменува и проблемот на Москва со финансирањето на војната која очигледно не планира да ја запре.

Западните меидуми подолго време наведуваат дека и Русија ги национализира приватните компании во сопственост на руските милијардери со цел да обезбеди средства за дополнително финансирање на војната во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот