Средба Пендаровски – Селаковиќ: Реафирмирани добрите односи меѓу Скопје и Белград

Средба Пендаровски-Селаковиќ/ Фото МИА

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија при што биле реафирмирани добрите билатерални односи, коишто ги поврзува долгогодишно традиционално пријателство и интензивна соработка во многу сфери од заеднички интерес.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на средбата беа Пендаровски посочи на блиската соработка меѓу двете држави во контекст на пандемијата на Ковид-19, како пример за високиот степен на развој на билатералните односи.

–На средбата беше констатирана потребата за натамошното искористување на потенцијалите за развој на односите во сите области од заемен интерес, вклучувајќи ја економијата и трговската размена, инвестициите, инфраструктурното, енергетското поврзување, како и соработката во рамки на регионалните иницијативи, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот