Средба на Ковачевски со уредничката на „Економист”: РС Македонија излезе од зоната на држави со „хибриден режим”

Средба Ковачевски-Хоје/ Фото Фејсбук Димитар Ковачевски

На мое задоволство во Лондон се сретнавме со Џоан Хоје, уредничката за Европа на угледниот „Економист“, која раководи со Индексот на демократија во светот, што овој магазин го спроведува секоја година, информираше премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук-профил.

– Според истражувањето за минатата година, Северна Македонија излезе од зоната на држави со „хибриден режим” и влезе во кругот на функционални демократии како „демократија со недостатоци”. За само една година нашата земја направи скок од пет места и сега е рангирана на 73 место. Рангирањето на „Економист” за нас е поттик да ја задржиме посветеноста на унапредување на правата на граѓаните и медиумите градејќи слободно општество, напиша премиерот Ковачевски на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот