Србија во завршната декларација во Тирана бара да се изземе задолжителното воведување санкции кон Русија

Во Тирана денеска се одржува првиот самит Украина – Југоисточна Европа, на кој ќе учествува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. На самитот на кој треба да се усвои Декларација, Србија бара измени на завршната декларација кои се однесуваат на улогата на Русија.

На самитот домаќин е премиерот на Албанија Еди Рама, на чија покана на самитот присуствува и претседателот на Украина Володимир Зеленски. Се очекува да се разговара за војната во Украина и нејзините последици.

На крајот на средбата треба биде усвоена Декларацијата за самитот Украина – Југоисточна Европа, чиј текст, како што соопшти Танјуг, се уште не е договорен.

Србија, дознава Танјуг, бара од декларацијата да се отстрани барањето за воведување санкции против Руската Федерација, да се отстрани делот дека Руската Федерација има „малигно влијание“ врз земјите од регионот, во текстот да не стои „земји“, туку „Западнобалканска шесторка“- затоа што, како што беше соопштено, Србија не сака да го нарече Косово држава.

На самитот се очекува да присуствува претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателката на Молдавија Маја Санду, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи, како и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот