Србија со нови високи ковид бројки за едно деноноќие: Починаа 24 лица, нови 4.595 пациенти

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 24 смртни случаи од ковид-19, па вкупниот број на починати од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 4.644, е објавено на интернет страницата covid19.rs.

Во изминатото деноноќие се евидентирани и нови 4.595 носители на коронавирусот од 17.049 тестирани лица.

Во болниците и ковид центрите низ земјата се сместени 4.359 пациенти од кои 213 се приклулчени на респиратори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот