Србија го презема претседавањето со ЦЕФТА

Фото: mia.mk

Србија од денеска го презема едногодишното претседавање со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА).

Приоритетите на претседавањето на Србија со ЦЕФТА договорот во текот на 2024 година ќе бидат, меѓу другото, консолидација и зајакнување на имплементацијата на договорот, олеснување на трговијата со стоки и услуги меѓу ЦЕФТА страните, како и дигитализација.

Некои од мерките кое ќе бидат во фокусот вклучуваат пилотирање на заеднички царински акции, размена на податоци, работа во насока на взаемно признавање на програмата на овластени деловни субјекти на ЦЕФТА страните, електронска трговија, олеснување на трговијата со овошје и зеленчук.

ЦЕФТА е трговски договор меѓу Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора и Привремената административна мисија на Обединетите нации на Косово во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, пренесе Бета.

Поранешни членки се Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Хрватска, кои станаа членки на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот