Според Лавров, Русија и Грција биле пријатели сѐ додека тие не се „потчиниле на американските барања“

Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Русија беше пријател со Грција сè додека Атина не се потчини на „американските барања”, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Забележавме трансформација во нејзиното раководство. Беше принудено или договорено да ги исполни американските барања. Ги донесовме нашите заклучоци за оние кои со задоволство ја поддржуваат агресијата врз Русија, се наведува во изјавата на Лавров објавена на Твитер налогот на Руската амбасада во Атина.

Грчкиот весник Катимерини истакнува дека со овој твит Лавров го изразува своето незадоволство преку Руската амбасада во Атина, реагирајќи без преседан на ставот што Грција го зазеде во однос на руската војна во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот