Спасовски: Споделувањето повеќе информации за двојното убиство не е добро за истрагата

Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи / Фото: „Слободен печат“- Методиј Здравев

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на СВР-Куманово, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека не може да споделува повеќе информации за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, бидејќи тоа не е добро за истрагата. Коментирајќи ја информацијата дека инспектор кој е поврзан со истрагата за двојното убиство дал информации и фотографии, кои се шират низ Скопје, а истите можат и да и попречат на истрагата, Спасовски рече дека во овој период јавноста се изнаслуша на многу информации, шпекулации, политиканства.

Обвинителството за ,,Слободен печат” тврди дека обдукцискиот наод за Вања уште не е изготвен

Спасовски информираше дека во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство, а кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство.

– Сите тие информации, како и вештачењата ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, во моментот кога ќе бидат завршени, изјави Спасовски.

Наставничката на Вања за хрватски медиуми: Ми беше начин на работа да се јавам, зашто ја немаше на час

Прашан дали може попрецизно да се лоцира и да се дадат детали каде било возилото на убиениот Панче Жежовски, а потоа со него е и извршено грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Спасовски со одговор дека со поднесувањето на кривичните пријави целосната истрага оди во ОЈО.

– Сите овие детали се разгледуваат во Основното јавно обвинителство на основа на податоци, коишто ќе ги прибере јавното обвинителство. Така да не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата, зошто не можеме да ја водиме во медиумите. Таа мора да се води во јавното обвинителство, вели Спасовски.

За информацијата дека инспектор кој е поврзан со истрагата дал информации и фотографии, кои се шират низ Скопје, а истите можат и да и попречат на истрагата, Спасовски најави дека ќе сноси одговорност, ако постои такво нешто.

– Затоа уште повеќе го потврдувам дека тоа не е добро, за каква било активност којашто е нелегална и од било кого, дали е инспектор или кој било друг, секако дека ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто. Меѓутоа не би сакал на ниво на шпекулации, посебно за еден ваков случај да зборувам, рече Спасовски.

Прашан за информациите за случајот со двојното убиство коишто можат да бидат во полза на првоосомничениот Љупчо Палевски да не се екстрадира од Турција, Спасовски вели дека токму и претходното го кажал во оваа насока и како што вели, кога е во истрага сите шпекулации и сè што ќе се изнесе во јавноста само може да штети на истрагата.

Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека тој нема да има мир, додека е жив Мицкоски. Спасовски кусо одговори дека му посакува долг живот на Мицкоски.

Каде било возилото на Панче, со кое беше грабната Вања трите дена пред нејзиното убиство?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот