Спасовски: Со Уредбата за минимална плата на министрите се обезбедуваат 4 милиони евра за справување со кризата

Оливер Спасовски / Фото: Влада на Р.С. Македонија

Со Уредбата за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор на минимална плата во износ од 14.500 денари за месеците април и мај, ќе се обезбедат 4 милиони евра за мерките за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД -19., напиша премиерот Оливер Спасовски на свјојот Фејсбук профил.

-Ова е време на солидарност со сите граѓани на нашата држава од страна на сите функционери коишто сме во Владата, на пратениците, градоначалниците, судиите, обвинителите и на сите на функционерите избрани, именувани или назначени лица во јавниот сектор на сите нивоа на власт- напиша Спасовски.

Со Уредбата за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор на…

Publiée par Oliver Spasovski sur Samedi 11 avril 2020

Ова е време на откажувања и на личен придонес во нашата заедничка борба со опасноста по секој граѓанин и по нашето општество.

-Да направиме сите сѐ што е неопходно, да го скратиме времето на неизвесни последици. Колку подисциплинирано ќе се придржуваме до мерките за претпазливост, толку побргу ќе ја елиминираме сериозната закана од вирусот. Толку побргу ќе го вратиме нормалниот тек на работите и на нашето секојдневие-напиша Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот