Спасовски: Секој кој ќе реши да патува сега, ќе мора да потпише изјава дека 3 месеци нема да се врати во државата

Секој граѓанин ќе мора да потпише изјава дека 3 месеци нема да се врати во државата, ако реши сега да патува, изјави на денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Апелирам до сите граѓани да ги одложат патувањата. Да ги почитуваме сите граѓани. Бараме да се воведе вонредна состојба во услови кога имаме епидемии. Ние имаме прогласена пандемија на светско ниво. Вонредната состојба укажа дека е една од најтешките одлуки, која не ја посакуваме, но е нужна. Владата ќе може да носи уредби со законска сила. Важно е од аспект на економијата владата да може да влече потези. Апелирам пред се на трезвеност, смиреност и одговорност. Тоа значи дека и залихи на храна и горива постои. Нормалниот живот се одвива врз основа на условите кои ги пропишува Владата. Имаме многу мерки врз основа на закон за спречуавње заразни болести. Важно е дека ефикаснот ќе добие полицијата, армијата, сите институции на системот. Граѓните да бидат дисциплинирани. Тоа не значи да купуваме се што ќе ни дојде при рака, залихи има, а и непречен дотур на стоки – рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот