Спасовски од Мостар: Борис Трајковски останува симол на вистинско лидерство

Фото: Министерство за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во име на Владата денеска во Мостар положи цвеќе на спомен обележјето кај Ротимље, по повод 19 години од смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски.

Во име на Босна и Херцеговина, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, пред спомен обележјето почит оддадоа и министерот за сигурност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, како и високи претставници на претседателството на Босна и Херцеговина, претставници на Кабинетите на претседавачот на Цвијановиќ и  Комшиќ и Беќировиќ.

Фото: Министерство за внатрешни работи

Потсетувајќи се на вредностите кои тој ги негуваше и ширеше, секогаш промовирајќи соработка и помирување, Борис Трајковски останува симбол на вистинско лидерство во еден исклучително тежок период, но и при сите средби со народот, дипломатите, домашните и светските политичари, рече министерот Спасовски во своето обраќање.

Фото: Министерство за внатрешни работи

Додаде дека и по 19 години, македонскиот претседател останува како доблесен и мудар државник, кој во еден важен транзициски период, кога државата се соочи со тешки одлуки, успеа да го зачува мирот во земјата и во регионот, да ги зацврсти меѓуетничките односи, да биде посветен на демократските идеали и на евроатланската ориентација, како вистински визионер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот