Спасовски апелира до граѓаните и политичките партии да не подлегнуваат на провокации и да бидат одговорни на чествувањето на Гоце Делчев

Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите денеска упати апел до граѓаните да не подлегнуваат на кој било повик и да не преземаат надлежност што е во ингеренција на институциите на 4 февруари – чествувањето на великанот Гоце Делчев.

МВР ги презема сите потребни активности за обезбедување мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тогаш кога ќе се процени дека треба да има поголемо присуство на полицијата ќе го има, рече Спасовски во изјава за медиумите по вториот панел од годишната конференција „Година на нови можности”.

Спасовски испрати апел и до сите политички субјекти да бидат одговорни во овој процес, бидејќи неодговорноста не прави добро на граѓаните.

Во однос на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и дали ќе биде пуштен во државава на 4 февруари, Спасовски рече дека на основа на сите анализи ќе ја донесат одлуката. – Споделуваме информации во однос на тоа што се очекува, а одлуките ќе ги носиме кога ќе дојде време, рече Спасовски.

И двете држави и двете министерства за внатрешни работи ќе направат сè за да не им се остави простор на радикалите кои сакаат да го нарушат односот меѓу двете држави. Мора да се деескалира состојбата.

Нема да дозволиме никаква ескалација на состојбата ниту инцидент, ниту понижување на македонскиот народ и држава, порача Спасовски.

Спасовски и Демерџиев: Нема да биде дозволен инцидент на роденденот на Гоце Делчев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот