СОВЕТНИКОТ НА БОРИС ЏОНСОН ЗА БРЕГЗИТ СЕ ОДНЕСУВА ЧУДНО: На состаноците често е како мало дете во ќош

Доминик Кумингс, гуру за Брегзит и политички советник на британскиот премиер Борис Џонсон, според зборовите на еден министер на седниците на кабинетот се однесувал како размазено дете. Од стекнал запрепастувачка репутација поради својот борбен пристап кон Брегзит, како и во времето кога ја водел кампањата против останувањето на Велика Британија во ЕУ, пишува Индипендет.

Поранешен ториевец и актуелен министер Доминик Грив го нарекол „маоистичен десничар“ вклучен во „култна војна со нашата уставна традиција“. Но, тврди дека тој на состаноците во владата не е повеќе воинствен, туку ги прекинува министрите додека ги искажуваат своите размислувања за ситуацијата и опциите кој и се достапни на владата и ги повикува да ги преиспитаат своите ставови.

– На состаноците често е како мало дете ставено во ќош. Работите кои сите ги земаме здраво за готово он сака да ги раздели на прости фактори и да почне со него од почеток. Во тоа е секогаш пристоен, не прекинува и го изнесува својот заклучок. Нема викање или нешто слично – тврди Грив.

Министерот тврди дека Кумингс со својот пристап ја присилил владата да ги преиспита претпоставките кои се развиле во текот на владеењето на премиерката Тереза Меј. По гласањето за Брегзит, Кумингс на блогот изразил презир поради одлуката на Тереза Меј да го прифати повлекуавњето од ЕУ според членот 50 од правилникот на ЕУ и да покрене преговарачки процес пред да донесе одлука за префериран исход.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот