Сотир Костов: Караџовски дозволи политиката да му кажува, за Бајрам ќе пуштиш, за Велигден нема да пуштиш

Аналитичарот Сотир Костов за емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ изјави дека денешното излегување на Жарко Караџовски е арогантен однос кон сите.

-Главниот пропуст е немање систем, несоодветни мерки. Ние систематски погрешивме со короната, неподготвени, неорганинизрани, неекипирани. Не го обвинувам Караџовски, власта е виновна. Дозволи политиката да му кажува, за Бајрам ќе пуштиш, за Велигден нема да пуштиш, пак ќе ги затвориме за Духовден, политизација целосна- смета Костов.

Тој изјави дека денес на прес-конференцијата се споделувале графикони кои ја замајувале јавноста.

-Не утепаа од кажување бројки, ја замајуваат јавноста, ни покажаа по 10 графикони, 7-8 табели, а Караџовски не искара остро и дрско, безобразно невоспитано. Новинарите бараат точни информации само, а директорот на КЗБ е како изгубен некако- рече Костов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот