Сореца: Албанците се силен народ, ЕУ ќе остане со вас

Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца, на прес конференција зборуваше за состојбата по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија утрото на 26 минатиот месец.

„Вашата болка е исто така наша болка”, рече Сореца, додавајќи дека треба да се направи проценка за предизвиканата штета.

– ЕУ ќе и помогне на Албанија во обновата. Солидарноста ја покажаа нашите европски пријатели. Албанците се силен народ, ние ќе останеме со вас. Има илјадници луѓе кои не се во можност да се вратат во нивните домови. ЕУ и нејзините земји-членки обезбедија помош затоа што Албанија не само што е географски блиска, туку е и блиску до нашите срца, изјави Сореца.

Посочи дека во Албанија пристигнале многу експерти од Франција, Италија, Германија, Хрватска, Холандија и други земји.

– Вчера го посетив Драч, особено училиштата и општата инфраструктура, сите проблеми ќе бидат решени, ние работиме со локалните власти за да го направиме најдоброто. Им благодариме на сите што помогнаа во оваа тешка ситуација. Процесот започнува во четврток од канцеларијата на ЕУ, така што е потребна проценка на штетите, нагласи евроамбасадорот.

Додаде дека солидарноста е во срцето на ЕУ, и нагласи дека ЕУ стои покрај Албанија, и оти го потврдила пријателството со албанскиот народ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот