Instagram
Instagram

Сопругот на Сара Џесика Паркер: Не знам која е тајната за среќен брак

Повеќе децениски бракови веќе одамна се ретка појава во шоубиз индустријата, но секогаш има исклучоци. Сара Џесика Паркер (55) и Метју Бродерик (58) ги кршат сите предрасуди за љубовта со „краток рок на траење“. Тие се 23 години во успешен и среќен брак.

Instagram
Instagram

Актерот Бродерик неодамна гостуваше во емисија на радиото „SiriusXM“ каде беше запрашан која е тајната на неговиот брак со актерката, а тој одговорил дека ни самиот не знае.

Постојано комуницираме и таа е моја најдобра пријателка. Не знам која е тајната за среќен брак, но знам дека сум многу благодарен и дека ја љубам. Не ми се верува дека помина толку време“, изјави Бродерик.

Instagram
Instagram

Актерот додаде дека исто така не му се верува дека тие се родители на нивниот 18-годишен син, но и на 11-годишните близнаци.

Instagram
Instagram

Во радио разговорот тој се осврна и на заедничкиот ангажман со неговата сопруга во претставата „Plaza Suite“, велејќи дека е фасциниран од талентот на Сара.

Никогаш не сум глумел со неа. Таа беше одлична во нејзината улога. Само се потсетив колку е паметна, комична и прекрасна актерка“, истакна Бродерик.

Instagram
Instagram

Паркер честопати во интервјуа зборува за тоа дека со својот сопруг успешно ги одбегнуваат темите поврзани со работа, обидувајќи се да го задржи приватниот и професионалниот живот одделени. Како што вели, „кога дома те чекаат три деца, нема потреба да се зборува за работа“.

Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот