брус вилис
Брус и Ема Вилис / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сопругата на Брус Вилис сподели подарок од обожавател: Сè уште ништо не е изгубено

Актерот Брус Вилис пред неколку недели објави дека се повлекува од Холивуд бидејќи боледува од афазија, неврокогнитивно нарушување поради кое повеќе не може да глуми. Сето ова беше голем шок за неговото семејство, а овие денови добиваат неверојатна поддршка од обожавателите од цел свет.

Во последните неколку недели до семејството Вилис пристигнува огромна поддршка, подароци и совети, а без оглед на она низ што поминуваат, неговата сопруга Ема Хеминг Вилис и другите членови семејството одлично се снаоѓаат.

Да потсетиме, Брус Вилис ѝ соопшти на пошироката јавност дека боледува од афазија, неврокогнитивно пореметување поради кое се повлекува од светот на филмот. Веста шокираше и растажи многу обожаватели и сега тие на секој начин се обидуваат да стигнат до него и да го изразат своето воодушевување за сето она што тој го направи во текот на својата кариера.

Еден од нив го насликал во стрип издание, во кој го гледаме Вилис како држи мало дете и боксерска ракавица во едната рака, шолја кафе со зборовите „најдобриот татко на светот“ во другата. Ема преку социјалните мрежи се пофали со овој подарок кој ги трогна сите и порача дека сигурно ќе го врами и ќе го закачи на ѕид.

„Емпатијата, сочувството и разбирањето се нешто што нè опкружува во последно време. Ви благодариме што постојано ја испраќате вашата љубов, молитви, совети и го споделувате сопственото искуство со оваа болест. Сè уште ништо не е изгубено“, изјави 43-годишната Ема, која е во брак со Брус од 2009 година, во која добија две ќерки.

„Ема се труди максимално да го одржува семејството и побара мислење од експерти кои би можеле да му помогнат на легендарниот актер, најпознат по своите улоги во акционите филмови. Таа изнајми здравствени работници за да се грижат за него, но исто така прави сè за да му го олесни животот“, открил извор за „People“, додавајќи дека сите биле шокирани од дијагнозата.

И покрај првичниот шок, сопругата на Вилис сега е полна со оптимизам, најмногу поради нејзините две ќерки.

 

Повеќе написи на темата:

 

Брус Вилис се повлекува од актерството поради тешка болест

 

Исплива причината поради која Брус Вилис боледува од афазија: Доживеал тешка несреќа

 

Брус Вилис првпат во јавноста по откривањето на болеста: Фотографијата ја покажува вистинската состојба на актерот

 

ФОТО | Сопругата на Брус Вилис се заблагодари: Вашата поддршка навистина помага

 

Освен Брус Вилис, болеста афазија ги погоди и овие познати личности

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот