Сообраќајка на автопатот Велес-Скопје, едно лице загина, тројца повредени

Полицијата информиа дека вчера во 18.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „рено меган“ управувано од И.К.(41) од Скопје и товарно возило „фап“ управувано од З.Д.(57) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.К.(39) и малолетник, двајцата од Скопје, сопатници во возилото „рено“. Тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што била констатирана смрт на В.К.

Со телесни повреди се здобиле две малолетни сопатнички во возилото „рено“, како и сопатникот во товарното возило, М.З.(65) од Гостивар, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот