Солидарноста ја отвори границата меѓу Турција и Ерменија

Турција отвори граничен премин со Ерменија за да овозможи испорака на хуманитарна помош за жртвите од земјотресот во 10 јужни турски провинции, јави Анадолија.

Пет камиони со хуманитарна помош поминаа преку граничниот премин Аличан во турската област Угдер. Пунктот последен пат беше употребен во 1988 година, кога турската Црвена полумесечина достави помош по земјотресот во Ерменија.

„Да извлечеме нешто добро од оваа голема катастрофа. Солидарноста спасува животи!“, напиша турскиот ерменски пратеник Гаро Пајлан на Твитер.

Целата копнена граница меѓу Турција и Ерменија е затворена од 1993 година, по судирите меѓу Ерменија и етничките Турци Азербејџанци.

Двете соседни земји ги обновија дипломатските контакти на крајот на 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот