Софиското окружно обвинителство бара имунитет за поранешниот премиер Петков

Кирил Петков на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Софиското окружно обвинителство му предложило на главниот обвинител да бара имунитет од Парламентот за Кирил Петков од „Продолжуваме со промените“, се наведува во соопштението на Обвинителството во кое се посочува дека барањето е за поранешниот премиер и актуелен пратеник со иницијали К.П.

Предлогот е подготвен во врска со предистражната постапка за изјаснување за државјанство.

Како што објави БТА, од собраните докази во текот на истрагата може да се заклучи дека во декларацијата што Петков ја доставил до претседателот „се крие вистината – постоење двојно државјанство и потврдена лага дека лицето ги исполнува условите за избор на народен претставник“.

На 16 декември 2021 година, окружната обвинителка на Софија, Невена Зартова, изјави дека Окружното обвинителство во Софија одбива да поведе предистражна постапка за случајот со двојно државјанство на Кирил Петков.

Тој рече дека ќе се откаже од имунитетот откако пред комисија во Собранието ќе бидат презентирани сите факти и докази.

„За мојот имунитет: Ќе чекам да се формира и да работи комисија во Народното собрание, пред која ќе бидат презентирани сите факти и докази, за да можат сите Бугари да видат јасно и сликовито како бугарското Обвинителство се користи за политички притисок. Ден пред комисијата да донесе одлука, доброволно ќе се откажам од имунитетот, бидејќи знам дека нема од што да се плашам“, напиша Петков на Фејсбук.

Петков, кој е копретседател на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, додаде дека е горд што се откажал од своето второ државјанство – канадското, само за да може да биде дел од „промената што доаѓа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот