Собранието во среда ќе дебатира за интерпелацијата на Димитров

Фото: МИА

Собранието на Република Северна Македонија во среда ќе расправа за интерпелацијата на вицепремиерот за европски прашања поднесена од опозициските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица.

Ова било договорено на денешната координативна седница на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери.

На координацијата биле договорени активностите на Собранието во текот на неделава. Пратениците денеска ја продолжија триесетата седница, закажани се и седници на неколку комисии. Гласање по точките од дневен ред од оваа седница, но и за 32. седница, ќе се реализира кога ќе се создадат услови за тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот