Собранието изгласа законски измени за побрз пристап до лекови, главно за ретки болести

Собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Собранието вечерва на 106-тата седница донесе Закон за дополнување на Законот за лекови и медицински средства и изгласа измени на Законот за здравствено осигурување откако претходно собраниската Комисија за здравство одржа итна седница.

Со дополнувањето на Законот за лекови и медицински средства ќе биде можна директна набавка на лек преку посебни договори меѓу државата и производителот на иновативен лек што го патентирал и кој нема конкуренција на пазарот. Тоа ќе овозможи побрз и поевтин пристап до лекови, главно на оние за ретки болести, како и за специфични и тешки болести.

Дополнувањето на законот е иницирано заради набавка на лекот Трикафта за болните од цистична фиброза, но ќе се применува и за други лекови кои имаат единствен производител.

Сегашната легислатива не дозволува директна набавка туку преку јавни набавки и трговци на лекови што, според предлагачите на законот, дополнително ја зголемуваше цената на лековите.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека се доцни со предлогот и требало и можело многу порано да се случи пред да почине пациент чекајќи го лекот Трикафта.

Рекоа дека ќе го поддржат законот заради болните од ретки болести, но, според нив, „некој на маката на болните прави криминал“ зашто овој предлог е надвор од Законот за јавни набавки.

„Се сомневаме затоа што нема транспарентност и дека некој овде ќе профитира„, рече пратеничката Дафина Стојаноска.

Пратеникот Петар Ристески рече дека релиси еден месец се чекало овие два закона да се стават на дневен ред и дека „пациентите се колатерална штета на политиките на Ковачевски“.

„Законите за изменување и дополнување на законот за здравственото осигурување и законот за лековите и медицинските средства ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено ќе ги поддржи без разлика колку чинат, бидејќи се работи за живот, а животот не се плаќа со ниедни пари“, рече Ристески.

Собранието ги усвои и измените на Законот за здравствено осигурување кој, исто така, е поврзан со лекови за ретки болести и се однесува на комисијата која предлага лекови што се на товар на Фонд за здравствено осигурување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот