Со помош на овој трик мирисот од цигарите на облеката исчезнува веднаш

Ако сте непушач или едноставно не сакате непријатен мирис од цигари на вашата облека, ова е вистинското решение за вас.

Долгото седење во затворена просторија меѓу пушачи кои палат една по друга цигара доведува до непријатен мирис на гардеробата.

Дури и пушачите на кои димот од цигарите им е секојдневие не сакаат облеката да им мириса така лошо.

Послужете се со овој трик и ослободете се од непријатниот мирис на облеката.

Направете раствор од сода бикарбона со вода. Во чаша од 200 мл ставете две големи супени лажици сода бикарбона. Добро измешајте и префрлете ја течноста во шише со прскалка.

Алиштата од вечер напрскајте ги со растворот, а следниот ден наутро вашата облека ќе биде ослободена од непријатниот мирис на цигарите.

Истото можете да го направите и за освежување на домот од мирисот на цигари.

Навечер, пред спиење посипете сода бикарбона по тепихот, на гарнитурата за седење и на рабовите од просторијата каде се пушело. Наутро исмукајте со правосмукалка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот