Со нож ранета девојка во Земун

Засега не е познат мотивот за нападот.

Српската полиција извести дека вчера околу 19 часот во Земун со нож е ранета 26-годишната Т.П. која по ранувањето со возило на Итна помош била пренесена во Ургентниот центар во Белград.

Напаѓачот по инцидентот избегал од местото на настанот, но по интервенцијата на полиција во близина на поштата лоцирана на улицата Угриновачка биле пронајден ножот, а набрзо бил уапсен и напаѓачот. Станува збор за Б.Ш. (43), кој има кривично досие за кражба, разбојништво и поседување дрога.

Ранетата девојка по укажаната лекарска помош во болницата била пуштена на домашно лекување. Засега не е познат мотивот за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот