„Со нас – не за нас“: Праведно третирање и еднакви можности за лицата со Даунов синдром

Фото: Министерство за здравство

Под мотото „Со нас – не за нас“ денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Од Министерството за здравство велат дека на овој ден се фокусираме на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста – право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор.

Децата со Даунов синдром треба да имаат редовни контроли кај нивниот педијатар или семеен лекар, бидејќи овие лица имаат поголема веројатност да развијат одредени заболувања од општата популација. Носете ги на редовни контроли за слух, вид и општото здравје. Охрабрете ги да бидат физички поактивни, се вели во соопштението.

За овие лица се препорачува да посетуваат логопед за помош при зборување, физиотерапевт – за помош при одење, доколку имаат намален мускулен тонус, оптометрист и/или специјалист за слух – за помош со видот и слухот, како и да се разговара со семејниот лекар или педијатар за информации како дете може да ги добие овие услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот