Со експлозивна направа предизвикан пожар во домот на јавен обвинител

Фото: Профимедиа/Илустрација

Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот.

Околу 19.00 часот синоќа со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево.

-Експлозијата оштетила патничко моторно возило „Сеат леон“  кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител. Пред повеќе од еден месец,  гумите на истото возило беа со нож исечени од непознато лице- неведуваат во ОЈО Кичево.

Основното јавно обвинителство Кичево со екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото на настанот.

Издадени се наредби за подигање примероци од експлозивната материја која е предадена на вештачење. Обвинителството  врши проверка и на видео записите од  камери поставени на околните објекти.

Се преземаат дејствија во континуитет за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот