Фото: pexels-enginakyurt

Со едноставен начин на складирање, лукот може да трае и до шест месеци

Лукот е многу здрав и помага во намалување на крвниот притисок и холестеролот, но многу луѓе го избегнуваат поради силниот мирис. Дополнително, рецептите често користат само неколку чешниња, така што остатокот од лукот често оди во отпад.

Но, за да не се случи тоа, постои едноставен метод кој ќе го зачува лукот и ќе му го продолжи „рокот на траење“ до шест месеци.

Како што пренесува „Мирор“, експертите велат дека лукот треба да се чува на ладно, суво и добро проветрено место, подалеку од влага, топлина и директна сончева светлина. Готвачот Ричард Темплс сугерира дека правилното складирање може да го зачува лукот.

Иако е општо познато дека лукот треба да се чува на ладно и темно место, дали знаевте дека не треба да ја делите главицата лук на поединечни чешниња додека не сте подготвени да ги користите?

Според Ричард Темплс, вели дека тоа е едноставен трик за продолжување на животниот век на лукот и не бара напор.

Блогот за храна на Марта Стјуарт наведува дека повеќето луѓе не знаат дека лукот може да издржи помеѓу четири и шест месеци ако се чува на ладно и суво место.

„Самата главица со обвивката е контејнер за складирање на лукот, затоа не одвојувајте чешниња додека не ви требаат. Откако ќе се одвојат, тие се сушат многу побрзо“, се објаснува во блогот.

Лукот најдобро се чува во оставата, по можност во воздушни контејнери како што се мрежести кеси или плетени корпи за идеален проток на воздух, што помага да се запре акумулацијата на влага и да се одржи свежината.

Добар совет е да го завиткате во хартиени крпи или да го ставите во хартиена кеса за да ја впие дополнителната влага и на тој начин да избегнете никнување. Иако лукот може да се чува во фрижидер, не се препорачува ладење затоа што може да го намали интензитетот на вкусот и исто така да предизвика неговиот мирис да се шири на другите намирници во фрижидерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот