Со цистерни се мијат локалните улици во Карпош

Од денеска, сите локални улици во Карпош се мијат и дезинфицираат со уште една, четири тонска цистерна.

На овој начин, информираат од општината, на терен работат три цистерни, кои ги мијат улиците, но вршат и дезинфекција пред маркети, банки, пошти, аптеки и други пофреквентни места.

– Утринава, се миеја улици и се дезинфицираше пред фреквентни места, во Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе 2 и Злокуќани. Оваа нова цистерна е во сопственост на правното лице „Анизор” и е дадена на привремено користење на општината, без никаков финансиски надомест (донација), соопштуваат од прес-службата наОпштина Карпош.

Од општината ги повикуваат и сите други општествено одговорни компании да се приклучат во оваа битка за справување со коронавирусот.

Оттаму најавуваат дека локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за  чистење на јавните површини и дезинфекција на влезовите на сите згради со повеќе од осум домаќинства во Карпош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот