instagram printskrin

Снежана Савиќ во улога на Јованка Броз: Има многу нераскажани приказни од нејзиниот живот и неверствата на Тито

Актерката која го толкува ликот на првата дама на Југославија вели дека има многу нераскажани приказни за неа што ќе бидат откриени во серијата „Јованка Броз и тајните служби“.

Јавноста од сите поранешни држави на Југославија со нетрпение ја очекува новата документарно-фантастична серија „Јованка Броз и тајните служби“, која веројанто ќе почне да се прикажува на „РТС“ од есен.

Главната улога ја игра актерката Снежана Савиќ, која открива дека ќе бидат прикажани голем број нераскажани приказни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FILMITV.RS (@filmitv.rs)

Се крена голема прашина околу серијата „Јованка Броз и тајната служба“. Документарно-фантастичната серија од десет епизоди ќе се прикажува на „РТС“. Точниот датум сè уште не е утврден, но најверојатно тоа ќе се случи на есен. Тоа е приказна за една епоха и време кое го одбележале овие личности на чело со Јосип Броз Тито, како и неговата придружничка Јованка. Таа беше народен херој, офицер и жена која одликувана со храброст во војната, една од најубавите жени во светот која отсекогаш пленела со својот изглед. Има многу нераскажани приказни од нејзиниот живот“, вели Снежана за „Filmitv.rs“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovanka Broz (@jovankabrozofficial)

Се шпекулираше дека била строга, перфекционист и ги отпуштала сите оние кои не ѝ се допаѓале од различни причини. Јованка била исклучително силна жена. Кон крајот на животот на Тито, кога тие не биле во одлична врска, добила покана да ја прослави Новата година со него. Таа не се согласила на тоа, бидејќи претходно Тито бил вмешан во афера со две масерки кои тогаш Јованка ги нарекувала конкубини. Повеќепати истакнувала дека многу работи трпела само од инает и велела дека ги надживеала сите свои непријатели“, вели Снежана, која ја игра Јованка по разделбата со Тито и открива како се подготвувала за улогата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovanka Broz (@jovankabrozofficial)

Многу проучував за неа. Нејзината личност, начинот на кој зборувала, одела, нејзината боја на глас, интонацијата. Се обидов што е можно повеќе, секако со мерка, сето тоа да го пренесам на публиката. Јованка ќе биде прикажана на веродостоен начин. Јас физички потсетувам на неа, имаме слични црти на лицето. Костимите и маската дополнително придонесоа да потсеќам на неа“, истакна актерката.

Снежана открива и како изгледале последните денови на Јованка Броз.

По смртта на Тито, на Јованка едвај ѝ било дозволено да дојде на погребот. За неа тогаш започнале тешките денови на изолација во куќа без услови, која протекува и немала греење. Тешките моменти ги живеела во изолација. Обесправена, со голема дамка на нејзиното име. Навредувана од сите. Од кралица до жена која живеела тежок живот“, истакна таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот