Снабдувањето со струја на нуклеарната централа во Запорожје вратено во нормала

Нуклеарна централа Запорожје
Нуклеарна централа Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY epa Historical Collection digitized in 2012 as part of the EURO-Photo project

Далноводот што ја снабдува нуклеарната централа Запорожје во Украина, кој беше во прекин поради гранатирањето, повторно е приклучен, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

Гранатирањето ја принуди електраната да се префрли на дизел генератори.

– Нашиот тим во Запорожје потврди дека гасоводот што беше прекинат вчера е обновен и дека нуклеарната централа е повторно поврзана на мрежата – привремено олеснување во неодржлива ситуација – рече Гроси на Твитер, повторувајќи го својот повик за воспоставување заштитна зона околу нуклеарна централа, објави Ројтерс.

И украинската државна нуклеарна компанија Енргоатом на Телеграм објави дека украинските инженери денеска го обновиле надворешното напојување на нуклеарната централа во Запорожје.

„По речиси два дена работа на пумпите за итно ладење на активните зони на реакторот со напојување од дизел генератори, оперативниот персонал се префрли на нормален режим на напојување за потребите на централата од енергетскиот систем на Украина. изјави Енергоатом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот