Фото: Twitter Visit Ljubljana

Словенија ги забрани новогодишните прослави на отворено

Словенија денеска забрани масовни дочеци на Нова година на отворено, но им дозволи на угостителите да работат до раните утрински часови со задолжителни потврди за ковид и негативни тестови за сите, без разлика на ковид-статусот, пишува СТА.

Владата најави епидемиолошка рамка која ќе биде во сила за време на божиќните и новогодишните празници и која е многу поблага од лани кога речиси се беше затворено.

За разлика од минатата година, во црквите ќе се одржат полноќните богослужби, но ќе можат да присуствуваат само вакцинирани лица, оние кои преживеале ковид-19 или имаат негативен тест.

За време на божиќните и новогодишните празници, на 24, 25 и 31 декември, како и на 1 јануари, ќе биде дозволено да се соберат лица од најмногу три домаќинства, под услов претходно да се тестираат сите постари од шест години, соопшти словенечката Влада.

Валидноста на брзиот антигенски тест е скратена на 24 часа, а на ПЦР на 48 часа.

Во рестораните е дозволена и музика во живо, а гостите ќе можат да се тестираат непосредно пред да влезат во просторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот