Словенија ги олеснува мерките против коронавирусот од следната недела: Почнува училишна настава „во живо“?

Фото: Профимедиа

Словенечката влада најави дека следната недела ќе почне ново големо олеснување на досегашните рестриктивни мерки воведени заради епидемијата на коронавирусот.

Така е најавено дека од понеделник ќе се отвораат рестораните и гостилниците, помалите места за сместување на туристи, автошколи, а со некои ограничувања повторно почнува училишна настава „во живо“ за некои одделенија од основните и средни училишта, па и работата на градинките.

– Со одлука на владата, од понеделник повторно се дозволува работа на сите продавници, вклучувајќи ги и трговски центри, локалите и гостилниците ќе можат да послужуваат гости и во затворени простори, се отвораат објектите за сместување на туристи со капацитет до 30 гости, но планинарските домови и хостели и понатаму остануваат затворени, соопшти после седницата на владата, нејзиниот портпарол Јелко Кацин.

Големите трговски центри кои досега беа затворени ќе мораат при повторно активирање да ги применуваат сите епидемиолошки и други мерки за спречување на ширењето на вирусот, предупреди словенечката влада, а истото се однесува и на локалите и гостилниците кои од почетокот на оваа недела можеле да работат само во своите отворени простори.

– Денеска ја прифативме и одлуката за повторно отворање на градинките и првите три одделенија од основно училиште, потоа отворање на средните стручни училиште, кажал Кацин.

Тој потврдил дека се размислува за повторно започнување на некои спортски активности за колективни спортови, но тоа уште не е решено. Исто така уште не е одлучено кога ќе може да се отворат фитнес центрите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот