Фото: „Слободен печат“

„Слободен печат“ во кралскиот апартман на Барак Обама во Анталија: Ако третпат нарачаше нешто во собата, самиот си плаќаше

Тимот на поранешниот американски претседател Барак Обама го избрал хотелот „Calista Luxury Resort“ за претстој на Обама во Анталија, во Белек.

Ова е еден од најлускзузните хотели во целата анталиска област, а Обама бил сместен во кралскиот апартман на последниот кат, во 2015 година, кога бил во Анталија на економскиот самит Г-20.

Фото: „Слободен печат“

Екипата на „Слободен печат“ ја имаше можноста одблиску да го разгледа овој луксузен и удобен апартман од 240 квадратни метри со две спални соби, дневен претстој, трпезарија, кујна, две бањи и голема тераса со поглед на целиот ресорт. Наши домаќини беа водичи од туристичката агенција „Фибула“ и Мурат Суслу, маркетинг менаџер и менаџер за продажба во хотелот, кој сподели интересни детали за претстојот на Обама.

„Додека претседателот Обама беше во нашиот хотел, имаше строга забрана тоа се споделува во јавноста. Потоа, откако тнеговиот тим објави, добивме дозвола и ние. Додека престојуваше во хотелот, бевме затворени за други гости, поради строгите протоколи, беше само тој со неговиот тим. Имаше сопствено обезбедување низ целиот ресорт“, ни раскажа Мурат Суслу кој е исклучително пријатен и интересен соговорник.

Фото: „Слободен печат“

Професионалноста не му дозволува да раскаже кои други познати личности од светскиот јавен живот биле во истиот апартман и во хотелските вили, но еден од нив бил принцот Едвард, војводата од Единбург, кој дошол на одмор со семејството.

„За нас, сите луѓе се исти, се трудиме на сите гости да ги угостиме и да им дадеме квалитетен третман. Немав можност лично да се сретнам со Обама, но сопствениците на хотелот се сртенале со него и велат дека тој поголемиот дел од времето го поминувал во својот апартман. Од другите хотелски содржини, го користел фитнес центарот и бил во лобито. Со сите бил љубезен и постојано насмеан. Му готвел негов готвач од Америка, но и нашите готвачи помагале ако било потребно. Колку што сум информиран, не барал посебна храна, ако нешто екстра му било потребно нарачувал во соба. Интересен куриозитет е што ако еднаш до два пати во денот нарача нешто за во апартманот, тоа е во состав на службените трошоци. А, ако трет пат нарачувал, тоа си го плаќал самиот“, ни раскажа Мурат Суслу додека нè прошета низ апартманот кој е уреден вкусно и во медитерански стил, и со гордост ни го покажа погледот од балконот кој најмногу вреди.

Фото: „Слободен печат“

„Нашиот хотел има дигитален систем на отклучување на вратите, па гостите не треба да се грижат ако ја загубат картичката, собата можат да ја отвотрат со својот ‘смарт’ телефон. Ова важи за сите соби освен за апартманите и за приватните вили. А, знаете ли зошто? Затоа што на тие гости им е достапен батлер 24 часа на ден. Да им ја отвори вратата и да ги услужи во секое време. Таков беше случајот и со Обама“, вели господин Суслу.

Фото: „Слободен печат“

Тој со гордост раскажува дека квалитетот на храната во нивниот хотел е на прво место, затоа што имаат своја сопствена лабараторија за проверка на храната и на водата. „Водата од базенот е толку чиста што слободно можете да ја пиете“, низ насмевка вели Суслу.

Нашето дружење заврши во хотелското лоби, близу до рецепцијата, каде што на ѕидот стои слика токму од Барак Обама.

Фото: „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот