Следниот премиер на Холандија нема да биде ниту еден од лидерите на четирите десничарски партии

Холандско знаме/Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL / POOL

Следниот премиер на Холандија нема да биде ниту еден од лидерите на четирите десничарски партии, кои ги продолжуваат преговорите за формирање влада, изјавиле извори за холандски „Телеграф“, а пренесува „НЛ Тајмс“.

Четирите партии сакаат да преговараат за влада која би можела да вклучи поединци кои не биле на изборните листи, велат изворите, откако лидерот на партијата, Ким Путерс, изјави дека партиите се подготвени да го направат следниот чекор. Герт Вилдерс (ПВВ), Дилан Јешилгоз (ВВД), Питер Омцигт (НСЦ) и Каролин ван дер Плас (БББ) ќе бидат пратеници.

Овие десничарски партии сакаат да преговараат за концизен коалициски договор, а изворите велат дека ова е единствениот начин овие партии да се обидат да постигнат договор. Изворите открија и дека партиите меѓу себе ќе одлучуваат кого ќе предложат за премиер и други функции во кабинетот, а намерата е партиските лидери да се најдат во Долниот дом.

Во таква замислена влада, позициите може да ги пополнат политичари од други партии или дури и други личности кои се експерти во одредена област, пишува „НЛ Тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот