Славниот дизајнер на црвениот тепих прошетал во преголемо одело и ЦРВЕНИ ШТИКЛИ (ФОТО)

Дизајнерот Марк Јакоб стана првиот добитник на наградата за моден пионер во рамки на доделувањето на MTV Video Music Awardsa.

За таа пригода посебно се средил и на црвениот тепих се издвојувал од масата.

Носел предимензионирано маслинесто зелено одело со нагласени раменици, голема јака, дополнителен џеб на едната страна и панталони со екстра долги ногавици кои скоро го прекриваат највпечатливиот дел од неговиот аутфит – црвените светкави потпетици.

„Моите црвени Прада чевлички“, се пофалил дизајнерот на својот инстаграм-профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот