Скорсезе буквално заспа додека Еминем рапуваше на церемонијата на Оскарите (ВИДЕО)

Instagram

Кога Еминем среде доделувањето на Оскарите излезе на сцената и почна да ја рапува својата песна „Lose yourself“, многумина се изненадија.

Се наметна прашањето и зошто Еминем ја изведува оваа песна, која пред 17 години освои Оскар за најдобра нумера за филм?

 Во 2003 година, кога го добив Оскарот, не присуствував на церемонијата на доделувањето, па поради тоа ја изведов сега – изјави Еминем за странските медиуми.

 

Од друга страна, додека публиката на Оскарите играше и рапуваше заедно со Еминем кога пејачот ја изведуваше оваа песна, камерите во еден момент го забележаа и изразот на лицето на режисерот Мартин Скорсезе.

Се чинеше дека прославениот режисер, кој инаку беше еден од номинираните за Оскар оваа година, ужасно се досадува при овој настап, па дури и заспива. 

Па токму поради ова, на социјалните мрежи се појавија и бројни шеги на сметка на славниот режисер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот