Скопјанка подигнала брзи кредити во име на вработените, полицијата и поднесе кривична пријава

Брзи кредити - кеш на рака / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Полицијата поднесе кривична пријава против четириесет и петгодишна жена од Скопје поради измама на три лица.

Измамничката отворила две фирми во Струга, и склучила договори за работа со оштетените, на чие име потоа извадила брзи кредити и парите ги користела за свои потреби.

Како што информираат од СВР Охрид, жената се терети за неколку сторени кривични дела, како што се „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

СВР Струга веќе поднело кривична пријава против Р.С. (45) од Скопје.

– Во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна корист, доведувајќи ги оштетените во заблуда, ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити.

Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин, пријавената се стекнала со бесправна имотна корист од 319.706 денари, информира портпаролот Стефан Димоски.

Над 60 лица треба да враќаат кредит кои не го земале – бизнисот „земи кеш со туѓа лична карта“ цвета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот