Скопјани стануваат посовесни, контејнерите се помалку намерно се палат

запалени контејнери
Запалени контејнери, Фото: ЈП „Комунална хигиенаЊ

Бројот на намерно запалени садови за одлагање на комунален отпад на територија на градот Скопје бележи намалување. Според податоците добиени од ЈП „Комунална хигиена“, оваа година, заклучно со 1 ноември, на територија на градот Скопје имало опожарени вкупно 20 контејнери.

-Бележиме намалување на бројката на опожарени садови за одлагање комунален отпад. Во текот на 2019 година се регистрирани 137 опожарени садови, во 2020 – 33 садови, додека во 2021 (заклучно со 1.ноември) се опожарени вкупно 20 садови – информираат од ова јавно претпријатие.

Оттаму велат дека, имајќи предвид дека цената на металните и пластичните садови за одлагање отпад со зафатнина 1,1 кубни метри изнесува приближно 300 евра по парче, додека новите садови од 3,2 кубни метри чинат приближно 1.400 евра по парче, тие како ЈП „Комунална хигиена“ претрпуваат значителна финансиска штета за набавка на нови садови што биле поставувани на местата на претходно опожарените контејнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот