Скопјанец ја нападнал мајка си со тврд предмет, ѝ се заканил и со нож

Фото: МИА

Нов случај на семејно насилство е забележан во скопската населба Кисела Вода – 40-годишен насилник ја нападнал сопствената мајка со тврд предмет, а ѝ се заканил и со нож, соопшти полицијата.

„Денеска (18.04.2023) во 08.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Б.(40) од Скопје, затоа што на 17.04.2023 во домот физички ја нападнал неговата 66 – годишна мајка, при што употребил тврд предмет, а ѝ се заканил со остар предмет“, пишува во полицискиот билтен.

По целосното документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот