Скандал во далматинска болница: Медицински сестри објавуваат на социјалните мрежи како се опиваат во смена

Фото: Принтскрин/ Facebook/Jure Zubčić

Хрватските медиуми пишуваат за скандалот во Општата болница Задар, каде медицински сестри пиеле алкохол на работно место, а згора на тоа, сето тоа го снимале и го објавувале на социјалните мрежи.

По тој повод, претседателот на Социјалдемократскта партија (СДП) на задарската жупанија, Јуре Зубчиќ, испратил соопштение до медиумите во кое побарал оставка од главната медицинска сестра и од директорката на ОБ Задар, пренесува „Задарски.хр“.

– За лошата состојба во разни сегменти во Општата болница Задар многумина зборуваат и со право предупредуваат.

Болницата под водство на директорката Чулина и главната медицинска сестра Катуша, стана игра на тронови, од која заминуваат најдобрите вработени, а болницата е целосно уништена. Нашите сограѓани се принудени сѐ почесто да одат на приватни клиники и да трошат значителни суми, бидејќи често не можат да добијат квалитетна и навремена здравствена грижа во ОБ Задар.

Фотографиите се доказ за целосниот распад на системот. Медицинските сестри во текот на работното време на социјалните мрежи објавуваат како се алкохолизираат на работното место. Што би се случило ако на некој пациент му се слоши?

Ова е само последна капка што ја прели чашата, а одговорноста ја имаат и директорката Чулина и главната медицинска сестра Катуша. Очекуваме и двете да поднесат оставка по овој инцидент, што е доказ за целосниот хаос во задарската болница.

Идентитетот на медицинските сестри го прикрив во оваа објава, а во болницата ќе ги доставиме комплетните за понатамошно постапување – навел Јуре Зубчиќ на својот профил на Фејсбук, пренесува „Задарски.хр“.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/Jure Zubčić

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот