ВИДЕО | Скандал во американска извидничка организација: Над 92.000 деца биле сексуално злоупотребени

Фото: EPA/LARRY W. SMITH

Американската извидничка организација (The Boy Scouts of America – BSA) ќе се соочи со најмалку 92.700 пријави за сексуално злоставување, изјави еден од адвокатите на жртвите.

Џил Гејл (58), кој живее во Лос Анџелес, но пораснал во Алабама, изјави дека двапати бил злоупотребуван како извидник во текот на 70-ите години од минатиот век. Тој оцени дека бројот на луѓе што се пријавуваат покажува дека постои свесност за тој проблем во БСА.

Гејл, исто така, верува дека овој проблем ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе спречи други деца да бидат злоупотребени. Вели дека напорно работел во обид да помогне на жртвите и посочи дека сака да се јават што повеќе мажи кои биле злоставувани.

Еден од адвокатите, Ван Арсдејл, рече дека комуницирал со илјадници жртви на злоупотреба.

– Врз основа на она што го слушнавме од жртвите, сексуалното злоставување било ритуал сличен на другите задачи каде децата морале да извршуваат одредени должности за да ги стекнат посакуваните значки за заслуги, рече Арсдејл.

Организацијата „Boy scouts of America“ постои 110 години и, по бројните обвинувања низ целата земја за сексуално злоставување, поднесе барање за банкрот за да избегне директна наплата на штета и истовремено овозможи исплата од фондот за компензација.

Кога поднесе барање за банкрот, БСА соопшти дека е револтирана бидејќи имало случаи кога поединци ја користеле програмата со цел злоупотреба на невини деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот