СЈО избришано од новиот Закон за јавното обвинителство

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Откако политичките партии не можеа да најдат заеднички јазик за Законот за јавното обвинителство, со кој требаше да се реши и статусот на СЈО и предметите, од Министерството за правда е изготвен нов закон, дознава „Фокус“ .

Новата верзија е испратена кај колициските партнери на консултација, по што ќе се знаат и повеќе детали.

Па така вработените, стручните соработници и останатиот технички персонал, буквално ќе останат без работен ангажман, а нивните работни договори ќе се прекинат.

За разлика од постоечкото законско решение кое е заглавено во собраниска процедура, во новиот текст не се предвидува ново обвинителство за гонење на висока корупција, туку сите случаи од овој профил ќе ги работи постоечкото Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот