Сите со нетрпение го очекуваат негативниот тест на Барди

енис барди
Енис Барди, еден од клучните играчи на македонската репрезентација/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија стартот на подготовките пред настапот на ЕП го започна без стандардниот Енис Барди кој по пристигнувањето во Скопје имаше позитивен тест на коронавирус. Барди кој се наоѓа во карантин во хотелот „Хилтон“ се чувствува добро, нема симптоми на коронавирусот и сите во националниот тим го очекуваат негативниот тест.

– Барди се чувствува добро и тоа ме радува. Нема симптоми и со нетрпение го очекуваме негативниот тест. Искрено се надевам дека тоа ќе биде веќе во следните денови и ќе го имаме на располагање за Букурешт – вели селекторот Игор Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот