Синот на Леброн Џејмс се пријави на НБА драфтот

Фото: LeBron James/FB

Синот на Леброн Џејмс познат како Брони се пријави на овогодинешниот НБА драфт, иако го пропушти првиот дел од сезоната поради здравствени проблеми. Во остатокот од сезоната воопшто не импресионираше и ја заврши со просек помал од поени.

Уште пред две години Леброн истакна дека сонува кариерата да ја заврши во ист тим со својот најстар син и тоа беше мотивација за многу НБА клубови да ја разгледаат можноста за доведување на Брони за да го привлечат и Леброн кој следната сезона ќе наполни 40 години.

НБА драфтот не мора ништо да значи бидејќи од 29. мај ќе има прилика да се повлече и да се врати на универзитетот или пак кариерата да ја продолжи во странство. Брони е 192 сантиметри висок бек и има просек од 19 минути по натпревар, 4.8 поени, 2.8 скокови и 2.1 асистенции, со слаб процент на шут од игра од 36.6%.

Засега впечатокот е дека 19-годишниот Брони не е ни приближно спремен во НБА и во најдобар случај би можел да се надева на избор кон крајот на втората рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот