Бојата на вашите очи има посебно значење – Сини, зелени, црни… еве што кажува таа за вас!

Научниците од Шведска направиле истражување во кое испитувале 428 лица и поврзаноста меѓу бојата на нивните очи и личноста. Еве што откриле.

Кафени очи: јак карактер
Кафената е најчеста боја на очи. Оној кој има кафени очи има потенцијал да биде лидер бидејќи кафените очи се индикатор на силниот карактер. Лицата со темнокафени или со црни очи се сметаат за многу пријатни.

Сини очи: внатрешна сила
Сините очи често се индикатор за психичка сила. И покрај тоа луѓето со сини очи често делуваат како слаби и егоистични личности. Некои истражувања покажале дека жените со сини очи полесно ги поднесуваат породилните болки од другите жени.

Зелени очи: силен сексипил
Жените со зелени очи често се сметаат за многу атрактивни. Таа боја им дава нешто мистериозно и заводнички. Освен тоа, луѓето со зелени очи тешко е да се изнервираат и многу добро функционираат под притисок. Исто така тие се мошне креативни личности.

Сиви очи: сестрани личности
Луѓето со сива боја на очите брзо се прилагодуваат на другите луѓе и ситуации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот