Симовски: Попис во април нема да има поради изборите

фото Архива

Пописот не може да се спроведе во април, како што првично беше планирано, зашто тогаш има избори, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

-Ние како институција сметаме дека април не е погоден термин за попис поради изборите. Спроведувањето на пописот пред изборите е технички невозможно, бидејќи тоа е гломазна и голема операција со огромен број на учесници. Затоа, треба да се пролонгира – изјави Симовски.

Според него, терминот на пописот треба да го утврдат пратениците преку носење на закон, по консултации со Статистика. Оценува дека најсоодветни месеци за попис остануваат март или октомври, кога најмала е мобилноста на населението, но дека не би сакал операцијата да се развлече до 2021.

-Ние би сакале пописот час поскоро да се спроведе во услови кои одговараат за спроведување на пописот, но не прејудицираме бидејќи тоа е одлука на друг. Ние инсистираме законот да биде донесен скоро. Ние може да предложиме термин и најпогодно време, според нас, е пролет или есен – рече Симовски.

Населението не е пребројано цели 17 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот